Супермоќно овошје: Сите моќни состојки на сувото грозје

Овошјето често се препорачува како задолжителна ужинка за оние кои се грижат за своето здравје. Иако најголем дел од овошјето содржи многу шеќер и калории, сепак сувото грозје нуди  многу корисни состојки, ако се конзумира умерено.

Без оглед на тоа дали е исушено на природен начин или пак механички дехидрирано, тоа е здраво за нашиот организам. Тие не се само богати со хранливи состојки, туку и универзален додаток на многу десерти.

Како и многу други супернамирници кои се одлични за нашето здравје, тоа е богато со диетални влакна кои одржуваат здрав систем за варење, го намалуваат апетитот, го нормализираат нивото на шеќерот во крвта и помагаат во спречувањето на болестите како дијабетес и рак.

Освен влакната, тие содржат и антиоксиданти и тоа многу повеќе од обичното грозје од кое се произведени. Самиот процес на сушење помага во задржување на антиоксидантите, но од друга страна го намалува количеството на витамин Ц. Сепак, ова сушено овошје е богато со протеини, здрави масти, калциум, железо, магнезиум, селен, фосфор и калиум-

Честото конзумирање на сувото грозје ги носи следните користи за нашето здравје:

Врамнотежена киселост на желудникот

Тоа содржи многу минерали кои се сметаат за алкални. Тука спаѓаат бакарот, калиумот, магнезиумот и железото. Тие помагаат во регулирање на ацидобазната рамнотежа во телото, истовремено урамнотежувајќи ја желудочната киселина и спречивајќи ја прекумерната киселост на организмот предизвикана од лошата исхрана.

Превенција на рак

Оксидативниот стрес предизвикан од слободните радикали претставува главен придонес за развој на карцином, раст на тумори и прерарано стареење. Бидејќи тоа е богато со антиоксиданти кои ги контролираат слободните радикали, редовното јадење на сушено грозје помага да го заштитиме телото од оксидативните оштетувања и да го спречиме ризикот од ракот.

Ја спречуваат анемијата

Тие исто така можат да помогнат во намалување на ризикот од анемија, односно состојбата на недоволно количество црвени крвни зрнца кои го транспортираат кислородот до другите делови од телото. Бидејќи многу од хранливите состојки се потребни за градење клетки, конзумирањето може да помогне во одржување на здрави крвни зрнца.

Подобрено варење

Растворливите влакна се важни за здравјето на цревата. Тие го подобруваат варењето на храната, овозможуваат чувство на ситост, ја спречуваат тврдата столица и имаат позитивно влијание на намалувањето на холестеролот.

Пониско ниво на шеќер во крвта

Иако содржат високо ниво на шеќер, сепак тие не предизвикуваат високи нивоа на шеќер во крвта.