Суперхрана која гарантира долговечност

Сакате да живеете долг живот? Постојат многу фактори кои влијаат на тоа, но нашата исхрана има огромно влијание на тоа како и колку долго живееме.

Постојат одредени видови храна кои треба да ги конзумирате почесто бидејќи тие помагаат во спречувањето болести и го подобруваат нашето здравје.

Лосос (и другите видови риба)

Според нутриционистите, лососот го штити нашето срце и спречува рана смрт. Тоа е поради фактот што оваа риба содржи богатство од омега 3 масни киселини кои го штитат нешто срце, но носат и многу други бенефити. 

Јаткасти плодови

Следниот пат кога ќе посегнете по некаква ужинка, потрудете се тоа да бидат јаткасти плодови. Според многу истражувања, редовното конзумирање ореви, бадеми, лешници и тн. придонесува кон тоа да се соочиме со намален ризик од срцеви заболувања, рак и респираторни заболувања и тоа за 20%, споредено со луѓето кои воопшто не конзумираат јаткасти плодови.

Боровинки

Боровинките се вистинска суперхрана која гарантира долг и здрав живот. Тие содржат антиоксиданти кои ги спречуваат воспаленијата и го штитат нашето тело од слободните радикали кои предизвикуваат рак. Освен тоа, тие го намалуваат ризикот од удари и деменција.

Овесни снегулки

Овесните снегулки се одличен избор за појадок. Во нив можете да додадете јаткасти плодови, свежо или суво овошје и да уживате во здрав оброк со природни влакна кој не само што ви гарантира долг живот, туку и убав ден. Природните влакна придонесуваат за подобро варење, регулирање на метаболизмот, а исто така ги регулираат и нивоата на шеќер во крвта.

Лути пиперчиња

Сепак, пред да се одлучите за оваа суперхрана треба да бидете сигурни дека немате никакви здравствени проблеми поврзани со стомакот и желудникот. Лутите пиперчиња содржат капсаицин кој е познат антиоксидант кој гарантира витка линија, а освен тоа го штити нашето тело од различни заболувања. 

Спанаќ

Спанаќот е суперхрана за Попај, па зошто не би бил и за нас? Можете да го конзумирате свеж во салата, во вашето утринско смуди или пак во готвените јадења. Тој е богат со железо и ја спречува анемијата, а освен тоа придонесува и за добро расположение. Богат е со калциум и витамин А и Е, што придонесува за добро здравје на нашите клетки, а магнезиумот кој го содржи придонесува за здрав кардиоваскуларен систем.