Супер сабота во ТК „Теннис Парк”

Тенискиот клуб “Теннис Парк” при Спортскиот Центар Јане Сандански, оваа сабота (07.05.2016) го слави својот прв роденден. По повод една година постоење, за која гордо ќе истакнеме дека беше апсолутно успешна за клубот, ве покануваме на мала прослава.

Забавата започнува со детски турнир, а веднаш потоа од 13 часот ќе ви ја претстави и новата содржина “рекреативен бадминтон”. Спортската програма ќе заврши со еден меч во падел тенис. Во сите категории за најуспешните следуваат медали, а веднаш потоа сите заедно ќе ја дуваме роденденската торта.

Ги покануваме сите љубители на спортот да ни е придружат, и да го искористат роденденскиот попуст од 50% на сите спортски терени. А сите останати, ги поканувме во кафе-бар “Теннис Парк” на опуштена атмосфера и пријатна музика каде сите пијалоци ќе бидат намалени за 20%.