Супер купот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на LED видео ѕид на Скопското Кале

Фудбалот е најважната споредна работа во светот, а добар фудбал не може да пројде без пиво.

Супер купот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе го следиме на големиот LED видео ѕид на Скопското Кале, со повеќе од 100 видови на пива, гурмански специјалитети и огроооомна фудбалска еуфорија.

За оние кои немаат влезници, гледаме фудбал заедно на Скопското Кале, на само неколку стотина метри од стадионот.