Супа со пилешко и куркума која има магична моќ

Во последно време сите се опседнати со здравата исхрана и супер состојките. Кога станува збор за нив, оваа супа ги содржи најздравите и најдобрите состојки.

Ѓумбирот е одличен против воспаленијата, лукот е моќен антибиоктик, кој го чува здравјето, а куркумата има многу бенефити за нашето здравје, меѓу кои подобрување на имунитетот и општата благостојстба. Со сите овие состојки, но и пилешкото оваа супа е една од најдобрите кои ќе ги пробате.

Потребни состојки

2 лажици маслиново масло

¼ ѓумбир (од парчињата со вообичаена големина)

4 чешниња лук

4 моркови

2 гранчиња целер

1 лажица куркума

1 - 2 парчиња пилешко месо

Начин на подготовка:

Сите состојки исецкајте ги убаво. На почетокот, ставете тенџере за супа на средно загреан шпорет, а потоа испрскајте го дното со 2 лажици маслиново масло. Додадете ги исецканиот ѓумбир и сечкан или изгмечен лук и измешајте ги. По неколку минути, додадете ги морковите, целерот и куркумата и мешајте околу 10 минути, додека целерот и морковот не омекнат. Потоа додадете го фидето за супа и измешајте.

На крајот додадете ги магдоносот и исечканото пилешко. Гответе додека супата не биде сварена и послужете ја топла во чинии, каде можете да додадете уште магдонос, лимон, лути пиперки, па дури и авокадо.