Ова е еден од најздравите и највкусните оброци во текот на есента.
Потребни состојки:
½ кг тиква
2 парчиња лук
150 мл павлака
малку сол и бибер
малку масло
Начин на подготовка:
Загрејте го маслото.Кромидот исечкајте го на коцки и пропржете го во масло.
Тиквата се лупи и се сече на коцки, па се додава на кромидот, се пропржува една минута, па се покрива со 500-750 мл вода.
Оставете го зеленчукот да се свари.По желба можете да додадете и еден морков исечен на парчиња. Кога ќе видите дека тиквата е сварена извадете ја од садот и оставете ја да се излади неколку минути.
Зеленчукот изблендирајте го во блендер. Ако супата е премногу густа (сè зависи од тоа кој ја сака) додадете уште малку вода и вратете ја на шпорет да зоврие. Посолете, бибер и зеленчук по желба и потоа додадете ја павлката. Оставете да се стопли уште малку и потоа таа е готова.
Оставете ја малку да се излади и послужете.