Топла супа за да ви се згрее душата!
Нема послатко од вкусна, домашна супа за време на студените денови. Ви предлагаме да ја подготвите оваа вегетаријанска супа од праз и компири.
Потребно ви е:
-1 лажица маслиново масло + уште мала количина за сервирањето
-2 големи чешниња лук, сецкани
-500 грама праз, тенко исечен
-500 грама компири, исечени на коцки
-500 милилитри коцка супа од зеленчук
-500 милилитри незасладено бадемово млеко
-сечкан млад кромид и леб, за сервирање.
Подготовка:
Загрејте го маслото во голема тава на средна температура и пропржете ги лукот и празот мешајќи додека зеленчукот не почне да омекнува. Додадете ги компирите и супата, па покријте и динстајте 15 минути додека празот и компирот не омекнат.
Додадете го бадемовото млеко, а потоа тргнете го од оган и изматете со рачен блендер додека смесата не се изедначи, со малку густа текстура. По потреба се загрева на тивок оган, а потоа се става во чинии и се поросува со власец и масло и по желба послужете со леб.