Супа од карфиол која ќе ве воодушеви со вкусот

Зеленчукова супа со лесен, но воодушевувачки вкус, која нема да ве остави рамнодушни.

Откако еднаш ќе ја пробате, постојано ќе биде дел од вашето мени. 

Состојки:

Еден помал кромид
Едно чешне лук
Маслиново масло
500 гр карфиол
Еден морков
Лажица брашно
250 мл млеко
600 мл вода
Супа од коцка
Зачини

Подготовка:

Најпрво пропржете ги кромидот и лукот во масло. Исецканиот карфиол додадете го да се издинста заедно со нив. Додатете парчиња морков. Кога зеленчуот ќе биде сварен, измешајте го брашното во малку вода. Ставете ги млекото и водата, па додадете го брашното и растворената супа во коцка. Со рачен блендер направете крем супа и зачинете по желба. 
 

Nike Sneakers | nike team hustle d 8 toddler shoe store austin tx , cheap nike griffey for women pants girls kids DA8301-100 Release Date - clemson nike free trainer v7 2017 women