
Охриѓанец во алкохолизирана сосотојба по полноќ удрил со „нисан“ во „голф“ управуван од млад возач.
- На 31.01.2026 година во 02:55 часот полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Л.С.(52) од Охрид. Претходно на пресекот на кеј „Македонија“ со улица „Јане Сандански“ во Охрид, Л.С. управувајќи патничко возило „нисан“ со охридски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22 годишно лице од Охрид, соопштија од МВР.
При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека Л.С. го управувал возилото под дејсво на алкохол, односно му биле измерени 2,48 промили алкохол во крвта.