Денес во 00.18 часот во полициска станица во Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп- Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу „фолксваген голф“ со привремени регистарски ознаки, управувано од И.Б.(47) од Скопје и патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.С.(34) од Прилеп.
Во несреќата двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Градска болница Прилеп. Увидот на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.