Судир помеѓу автобус и мотоцикл во Кавадарци, мотоциклистот со тешки повреди пренесен во болница

Вчера во 12.05 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавена сообраќајна несреќа помеѓу автобус „јутонг“ со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на ЈП Кавадарци, управуван од И.К.(52) од Кавадарци и мотоцикл „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.П.(37) од Кавадарци. Немилиот настан се случил на крстосница од бул.„Цветан Димов“ со ул.„Вељко Влаховиќ“ во Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.