Судир меѓу возило и мопед - Две млади лица повредени во сообраќајка во скопско

Две лица повредени во сообраќајка во скопско. 

Вчеравечер, во 21:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„100“ во скопско Ново Село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки свифт“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(24) и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Ш.(26), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле В.Ш. и неговата сопатничка И.В.(27) од село Волково, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.