Судир меѓу повеќе возила синоќа пред „Џевахир Мол“ во Аеродром

Синоќа во скопската населба Аеродром, во близина на трговскиот центар „Џевахир Мол“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила.

Според првичните информации, станува збор за верижен судир на најмалку три автомобили. На местото на настанот е забележана значителна материјална штета, при што едно од возилата има сериозно оштетување на предниот дел, што укажува на силен удар.

Екипи на Министерството за внатрешни работи веднаш излегле на терен и извршиле увид со цел да се утврдат точните причини и околностите под кои дошло до несреќата.

Во моментов нема официјални информации за повредени лица. 

Официјални информации се очекуваат од МВР.