Судир меѓу „пежо“ и мотоцикл „бмв“ - тешко повредена млада струмичанка

Млада девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа во Струмица. 

На 01.07.2022 во 10.45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо партнер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(23) од Струмица и мотоцикл „бмв“, управуван од П.Р.(26) од Струмица, соопшти МВР. 

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила П.Р., констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица, стои во полицискиот билтен.