Судир меѓу „мицубиши“ и електричен тротинет на скопска улица, едно лице е тешко повредно

 

Тешко повреден скопјанец кој управувал електричен тротинет при судир со возило чиј возач избегал од местото на несреќата. 

- На 26.03.2026 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мицубиши“ и електричен тротинет, управуван од М.Д.(37) од Скопје, по што возачот со возилото „мицубиши“ го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје, информираа од полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.