Судир меѓу две возила и камион на скопски булевар утрово - Две лица пренесени во „Градска“

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што утрово се случи на скопскиот булевар „Борис Трајковски“ кога се судрија камион и две возила. 

- Денеска околу 06:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „ман“ со полуприколка со скопски ознаки управувано од К.Д.(59) од Скопје, патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки управувано од Т.Р.(29) од Скопје и патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Ј.(48) од Скопје, соопштуваат од МВР за Скопје Инфо. 

Од незгодата со повреди се здобиле Т.Р. и А.Ј. кои се пренесени во градската општа болница „Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.