
Сообраќајна несреќа се случила вчера наутро на магистралниот пат Кичево–Гостивар, во близина на кичевското село Колари. Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале товарно возило „фиат“, управувано од 56-годишен скопјанец, и патничко возило „ауди“, управувано од 46-годишна жена од село Попоец.
Во несреќата, 39-годишен сопатник од село Другово се здобил со тешки телесни повреди, додека возачката и уште еден 74-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди.
Повредените биле пренесени и медицински згрижени во Медицинскиот центар во Кичево.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а за случајот бил известен и јавен обвинител.