Бурни реакции следеа по веста дека македонската јавна администрација во петок ќе работи само 4 часа. Вакви измени предвидува новиот закон за административни службеници кои сега е во нацрт верзија и веќе е објавен на ЕНЕР, пренесоа медиумите.
Во однос на ваквиот предлог се огласи судијката Оља Ристова.
-Кога ќе се направи истражување дали администрацијата работи ефективно 8 часа на ден, како и дали е комплетно функционална за да се намали работното време во петок на 4 часа, тогаш би можело во Македонија да се донесе ваков закон. Во држава во која најобичен документ се издава за 7 дена, наместо за 1 час, сметам дека нема место за ваква одредба. Јас мислев прво дигитализација ќе се спроведе, напиша таа во својот став кој го сподели на социјалните мрежи.