Судбината на сите ни носи 3 големи љубови

Судбината во животот ни носи 3 учители, 3 пријатели, 3 непријатели и 3 големи љубови. 

Во животот на секоја личност се појавуваат три големи љубови и тоа од следните 3 причини:

  1. Ни помагаат да ја откриеме својата цел

  2. Ни помагаат да научиме некое ново искуство

  3. Ни покажуваат дека е можно вистински да се сака некој

Се верува дека првата љубов е најслатка и единствена. Таквата љубов се памети цел живот, но таа доаѓа со важна причина  - за да сфатиме колку убави работи нè очекуваат во животот. Тоа се спомени кои ги креираме и кои ги носиме со себе целиот живот.

Втората љубов е важна за да стекнеме одредено искуство, а ни помага и да се откриеме себеси. Почнуваме да разбираме кои сме, какви сме, што сакаме и кого не сакаме во својот живот.

Третата љубов е онаа кога конечно сфаќаме што вистински значи љубовта. Оваа љубов по правило доаѓа многу неочекувано. Велат ќе ја сретнеме кога не бараме и ќе ја пронајдеме таму каде што не гледаме.

Голем дел од луѓето не разбираат дека треба да поминат низ различни искуства за да дојдат до онаа вистинска љубов. Стануваат огорчени од првата љубов, други пак завршуваат само со неа и таа личност ја сметаат за своја сродна душа.

Пред да ја сфатиме суштината на вистинската компатибилност, мораме да растеме и созреваме. Во меѓувреме, учиме што е тоа привлечност, опсесија и страст. 

Вистинската љубов често доаѓа кога веќе и се откажуваме од љубовта, кога мислиме дека е тешко да најдеме сродна душа и кога веќе се откажуваме. Конечно сфаќаме дека љубовта е тоа што сме го барале, но таа е нешто што се создава и гради. 

Тогаш, учите да сакате, не брзате никаде, верувате и се фасцинирате.