Субвенции на велосипеди за првпат во општина Илинден

Општина Илинден за првпат ќе додели субвенции за купување на велосипеди. Локалната самоуправа објави Јавен повик кој е според Програмата за финансиска поддршка на граѓани на Општина Илинден за 2023 година која предвидува еднократна парична помош за набавка на велосипеди на лица со постојано место на живеење на територија на општина Илинден.

Градоначалникот Александар Георгиевски кажа дека целта е да се стимулираат граѓаните за користење на велосипеди, а износот кој го доделува општината како финансиска помош изнесува 50 отсто од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари по велосипед.

Право на учество на Јавниот повик има секој граѓанин со постојано место на живеење во општина Илинден кој ќе купи нов велосипед сметано од 01.03.2023 до 30.04.2023 година.