Студентски дом пет дена без струја

Испитни рокови, колоквиуми , дали ќе треба да ги положат сите предмети во јунската сесија се едни од проблемите кои деновиве ги мачат сите студенти. Но, за околу 200 млади луѓе ова не е единствен проблем.

Они  студенти кои што овој викенд се во домот се снаоѓаат кој како знае и умее.

Има и студенти кои што се далеку од дома, па немаат кој да им помогне.

Директорот на студентскиот дом вели дека за проблемот е известено и Министерството за образование, но и дека заради празниците не можело да се плати сметката.

“Овој проблем го имаат сите домови. Сите овие години сме пробале да се смени законот за финансирање на домовите но без успех. Информирано е МОН , но поради празниците не можело да се префлат средства до ЕВН , па поради тоа е исклучена струјата и чекаат да им бидат префрлени средствата. Сместените станари добиваат сува храна , обезбедени се свеќи за навечер” – вели Лурзим Џемаили, директор на ДСД Томе Стефановски – Сениќ.

Студентите и вработените во домот се надеваат дека од понеделник ќе ги уживаат истите цивилизациски услови , бидејќи велат да учиш со уклучена ламба не е привилегија.