
Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ алармираат за недоволниот квалитет на живот на студените сместени во студентските домови во Скопје.
-Додека соседните земи испраќаат сателити во вселената, градат автопати и железници и секојдневно ги подобруваат условите за младите, студентот во Македонија не може да добие пристап до основни услови за живот. Нецелосни оброци, нехигиена и негрижа за храната, недостаток од топла вода, недостаток од струја и греење и нефункционални уреди, порачаа денеска од Унијата.
Велат дека до нив пристигнуваат пораки од студентите што престојуваат во студентскиот дом , Стив Наумов", а од нив се гледа дека образовниот систем и условите за младите во Македонија се сѐ уште заглавени во минатиот век.
-Владата и лицата кои се назначени за раководење со студентските домови, кои треба да бидат простори за безгрижен живот на студентите и академски развој, немаат способност да оспособат обични рингли, фрижидери и лифтови, дополнително отежнувајќи го секојдневниот живот во објектите во кои не се вложува ни приближно до она што е потребно. Повеке од очигледно е дека ниту едно ветување што владината коалиција го дава во последите 6 години не е реализирано, а мерките што пиар тимот на премиерот и младината на СДСМ ги промовираат претставуваат само скапо платена претстава за замајување на јавноста со наводна грижа за студентите, порачаа денеска од Унијата на млади сили на ВМРП-ДПМНЕ.