Студентите се жалат на лошите услови (фото)

Студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје се пожалија за немањето на топлата вода во домот речиси повеќе од седум дена и капењето со ладна вода, а како што не информираа денеска тие повторно се оставени без топла вода, пренесува Курир.

-Проблемот во студентскиот дом Гоце е тоа дека немаме топла вода веќе од септември, во А блок никако, претходно одевме да се бањаме во Б блок, но и таму нема. Цело време се жалиме до управникот и директорот, зборат дека проблемот е решен. Ни кажаа дека пумпата е извадена и дека треба да стаса новата, ама тоа ни го кажуваат веќе подолго време, така да вода нема и се бањаме со ладна вода. И додека другите уживаат ние се разболуваме и очекуваат од нас да плаќаме хранарина и станарина, а немаме услови тука. Они се одговорни, вели студентка која е сместена токму во домот.

-Храната е многу минимална, не е доволна за да се најадеш, лифтовите кога- како работат, секој дом има проблеми, но да не навлегуваме во нивните проблеми, ние да ги решиме нашите проблеми, вели студентот.

-Проблемите не се само со топлата вода, а топлата вода е нешто што најмногу ни е потребно во моментов, водата е кочан ладна и нема никакво греење на бојлерите. Проблем е и мензата, исхраната е намалена и има само еден вид на храна.

Сликата речиси да е иста и во студентските домови „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“.

Неодамна до редакцијата на КУРИР пристигнаа фотографии од нечовечките услови за живот во двата дома, особено во тоалетите од каде како што тврдат студентите се шират и заразни болести.