Ѓубрето и понатаму не им дава мир на студентите во Скопје. Нашите академски граѓани кои живеат во студентските домови снаодливо си го фрлаат ѓубрето преку прозорец за да се мафнат од него, ама тоа им се врати преку фотографии по социјалните мрежи и медиумите. Па така пукна бруката за нечистотиите во студентскиот дом „Пелагонија“, а истото вчера се случи и со студентскиот дом „Кузман Јосифоски – Питу“.

И државниот студентски центар организираше акција за чистење, во чии рамки беше исчистен отпадот од покривот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“.

– Се повикуваат студентите да не фрлаат отпад низ прозорците и да не ја загадуваат околината, се вели во соопштението на центарот.

Покрај апелот, исто така, Државниот студентски центар најави и поставување на камери во студентските домови. Овие уреди ќе придонесувале за повисоко ниво на безбедност и хигиена во студентските домови.

Тешко нас, ако мора со камери да се плашат студенти да не фрлаат ѓубре. Па нели се тие идната елита на Македонија?

Скопско Ехо