Студентите до петок да си ги земат личните работи од студентските домови

Судентите што се сместени во студентските домови во Скопје имаат рок до крајот на неделава да си ги подигнат личните работи од своите соби, информира директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски.

Ова следува откако беше донесена одлука, при евентуален недостиг на сместувачки капацитети, студентските домови да се користат како државен карантин.

Студентите ќе можат да одат во своите соби од денеска до крајот на неделава во одредени периоди. Денеска може да да ги посетат во период од 12 до 16 часот, а од среда до петок од 9 до 13 часот. Директорот апелира притоа да се почитуваат мерките за заштита.  

Директорот потенцира дека по завршувањето на неделава, студентските домови ќе бидат затворени до донесување одлука за продолжување со престој, иселување поради карантин или завршување на студиската година.

Во меѓувреме, со владина одлука, студентите се ослободени од партиципација до завршување на вонредната состојба.