Студент од Шведска подготвува магистерски труд за корупцијата во Македонија

Алехандро Естесо Перез, студент на мастер студии на Универзитетот во Малме во Шведска, верувале или не, работи на магистерски труд посветен на корупцијата во Македонија.

Тој преку Твитер побара помош и одговори на неговата анкета која би му помогнала да го изработи својот труд.

За одговор на прашањата кои се на македонски јазик ќе ви бидат потребни од 10-15 минути, а темата е повеќе од актуелна што се однесува до овие наши простори.