
Денеска во објава на Фејсбук беа споделени лоши вести за овоштарите од подрачјето на Росоман, каде временските услови ги погодија кајсиите и праските.
Подрачјето на Росоман синоќа било зафатено со ниски температури и со појава на мраз.
Фејсбук страницата „Реално Росоман“ објави дека утрово добиле дојави за измрзнати кајсии и праски.
Штетите ќе се утврдуваат во наредните денови.