Студено ви е постојано? Забрзајте ја својата циркулација со овие зачини

Најбрзо ќе се згреете, така што ќе ја забрзате својата циркулација. Тоа се постигнува на различни начини – вежбање, одење, домашни работи,но и исхрана. Можат многу да помогнат топлите супи, напитоци, но и одредени зачини.

Рузмарин

Оваа билка, свежа или сува, можете да ја додадете во многу јадења. Одлично оди со печена риба и бело месо, зеленчук на скара, или пак да го прелиете со топла вода и да го испиете како чај.

Ѓумбир

Изрендајте една лажичка од овој лут корен, прелијте ја со топла вода и испијте го чајот. Ова ќе ве стопли само за неколку минути. Освен овој рецепт, ѓумбирот можете да го додадете и во зелените салати, да го изрендате на кајганата, во супите или пак со сирењето.

Чили

Тука не ви се потребни совети, свесни сте и сами за одличното дејство на лутите пиперки. Чилито има огромна моќ да ве стопли во студените денови.