Студено утро, сончев ден - еве какво време не очекува оваа недела

Времето претпладне со умерена облачност, попладне претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири, а дневната температура од четири до 14 степени.

Во Скопје претпладне со умерена облачност, попладне претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од источен правец.

Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до 12 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со постудени утра, но со пораст на дневната температура. Во среда и во четврток ќе дува умерен северен ветер.