Студено утро, од утре дожд

Времето претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови во западните делови ќе се зголеми облачноста и ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Наутро ќе биде доста свежо. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.

Во Скопје претпладне ќе е сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на краткотарен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени.

Од утре следува период со повремено зголемена облачност. Во попладневните и вечерните часови, особено утре и во среда ќе има појава на локален дожд и ретки грмежи позастапени во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер најинтензивен за време на викендот.