Студен пијалок за спас од летните горештини

Жешките денови се пред нас, а хидратацијата е најважна во овој период. Иако обичната вода секогаш помага, сепак водата со вкус доаѓа како одлично освежување во текот на летото. Таа е богата со витамини и идеална за гасење на жедта во текот на овие денови.

Потребни состојки:

Овошје по желба

Свежи билки

Вода

Стаклен сад

Многу мраз

Комбинација на вкусови:

Лимон и портокал со нане

Малина и лимон со маточина

Нане, краставица и зелена јаболка

Ѓумбир, краставица и лимон

Лаванда и боровинки

Ананас и ѓумбир

Начин на подготовка:

Овошјето исечете го на тенки парчиња и ставете го во стаклен бокал. Додајте ги и билките и прелијте со вода. Ставете го бокалот во фрижидер и оставете така да отстои неколку часа, а потоа промешајте.

На крајот, послужете со коцки мраз и уживајте во убавиот вкус.