Шведска маса храна сакаш ли сакаш од пиле млеко...Бев на детски роденден, родителите на славеничката се потрудиле да ги задоволат вкусвоите на љубителите на месо, вегетаријанците и веганите.

Забава, журка , деца весели...и почнува редот да се реди крај масата со храна..Пусто македонче начека бесплатна храна...Го гледам другарот зема чинија чека ред и пополека си зима од сите мевциња по 3 парчиња од секој вид, продолжува кон прилогот повторн по една лажица од секој...Седнува со нас на маса и коментира што направив на диета сум, дегустира се налева со вино па повторно на ред чека...Си викам аман човеку па како ти се чека, кај ќе ја ставиш сета храна, доаѓа со полна чинија пица, пита, тиквички, сувомеснато абе цела планина...Готово човеков проба се...дојде редот на роденденската торта, тој пак на ред кај масата. Доаѓа насмевнат земав благце...да не сакаш другар, не ти благодарам ќе чекам парче торта, ааа брат јас имам место и за нејзе абе се е вкусно овде...Фраерот кој пред малку тврдеше дека е на диета зошто качил некое килце си зема од салфетките и почна да си пакува храна за дома.

Без срам ни вели, а си обезбедив ручек квалитетен и десерт за утре. Нека се јаде, нека има. Ако не сега, кога?

Па зар ако е бесплатно и си дошол на роденден треба да си спакуваш за дома?

Нели можеме да бидем културни и пристојни и со по едно парче од месото, салтата, слаткото да  завршиме или треба да се враќаме по уште едно и уште едно,а и празни дома да не се враќаме?