Стружанка пронајдена во Скопје, пронајдено и момче исчезнато минатата година

Полицијата информира дека во изминатите два дена се пронајдени две лица кои биле пријавени за исчезнати.

Стружанецот Б.М. (53) кој бил пријавен за исчезнат на 16-ти месецов бил пронајден вчера во Скопје од страна на полициски службеници.

Пред два дена пронајден бил и М.С.(21) од село Морани, скопско, кој бил пријавен за исчезнат на 30.11 минатата година во Полициската станица Драчево.