
Кривична за двајца стружани кои краделе струја.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ч.И.(83) и Ф.И.(45), двајцата од с.Корошишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.
Како што се наведува во полицискиот билтен, на 17.01.2025 била извршена контрола на објект во Струга, при што било констатирано дека пријавените го прекинале доводниот кабел до електричното броило и на него поврзале бакарни жици со кои се премостувало елетричното броило да не мери потрошувачка.