Стружанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струга-Дебар

На 19.01.2022 во 20.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од Д.Г.(37) од Струга и патничко возило „мерцедес“, управувано од Т.П.(25) од с.Ложани, струшко, двете со струшки регистарски ознаки.

Во несреќата возачот Д.Г. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Струга.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга.