Струмичанец украл куче, па на бегање со возило го удрил сопственикот

Полицијата од Струмица денеска информираше дека вчера во 20:00 часот бил уапсен 57-годишниот С.В од село Дабиле, струмичко на местото „Дојранска крстосница“.

„Тој се сомничи дека еден час претходно во 19:00 часот во село Николиќ, Дојран украл куче од 64-годишниот И.М од село Николиќ и при бегството од местото со возилото го удрил оштетениот. Кај него било пронајдено одземеното куче и е вратено на сопственикот“, се вели во билтенот на МВР. 

Од полицијата додаваат дека за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот, против С.В. ќе биде поднесена соодветна пријава.