Полицијата во Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и управителот 59-годишниот Ј.П од од село Секирник, општина Босилово, поради постоење на сомнение за затајување данок.
„Во периодот од 01.12.2020 до 31.12.2020, согласно пријавената состојба од вкупно 11.755.927 денари, пријавените имале обврска да пресметаат и уплатат данок на друг доход во вкупен износ од 1.306.083 денари, но не го уплатиле и за таа сума го оштетиле државниот буџет“, иформираат од МВР.