Струмичанец претепан од две лица во Кисела Вода

Маж од Струмица вчера бил претепан во Кисела Вода од две лица.

- На 25.01.2023 во 14.10 часот во СВР Скопје, М.К.(41) од Струмица, со престој во Скопје, пријавил дека на 24.01.2023 околу 21.40 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од две лица, информира МВР.

Се работи на расчистување на случајот.