Струмичанец ја претепал сопругата - се здобила со телесни повреди

Вчера во 16:05 часот на улица „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од Полициската станица Охрид од слобода го лишиле О.В.(49) од струмичко село.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 49-годишниот О.В. бил уапсен, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел телесни повреди.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.