Струмичанец изгубил контрола и излетал од патот

54 годишник од село Чанаклија, струмичко, изгубил контрола над возилото кое го управувал и излетал од патот. 

Во возилото имало три лица, а во несреќата со тешки повреди се здобил еден од сопатниците, додека возачот и другиот сопатник со телесни повреди. Од МВР со соопштение за деталите:

-На 19.09.2022 во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. - се вели во соопштението. 

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.