
Вчера во 06:30 часот во Струмица, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.Р.(58) од Струмица.
Од МВР информираат дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Црвена застава“ калибар 9 милиметри, 187 парчиња муниција за пиштол, 40 парчиња муниција за пушка, две рамки за пиштол и една воздушна пушка, за кои постои основано сомнение дека неговиот син Д.Р.(33) ги поседувал без документација.
„Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен кривична пријава“. посоција оттаму.