Струјата за граѓаните нема да поскапи во наредните шест месеци, уверува Бектеши

 

Министерот за економија Крешник Бектеши кажа дека со министерот за финансии и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и другите членови од Енергетскиот совет во рамки на Владата наредниот месец ќе разговараат за новиот модел за пресметување на цената на електричната енергија, но им порача на граѓаните дека независно каков ќе биде утврдениот модел, поскапување на електричната енергија нема да има.

- Можам уште од денеска да им соопштам на граѓаните дека нема да плаќаат поскапа струја од 1 јули до крајот на годината, рече Бектеши.

Бектеши уверува дека и ДДВ-то да се врати на 18 отсто, тоа нема да ги зголеми сметките на граѓаните за електрична енергија.