„Строго контролирани возови“ за почеток на ревијата филмови на Јиржи Менцел во Кинотека

Вечерва (01.12.2022), во Кинотека на Северна Македонија, започнува ревијата на дела од култниот чешки режисер, Јиржи Менцел. 

Со почеток во 20 часот, ќе се емитува филмот „Строго контролирани возови“, кој има освоено и Оскар за најдобар филм од неаглиско говорно подрачје, информираат од Кинотека. 

-Во Кинотека на Северна Македонија до 11 декември ќе може да се погледнат филмови од овој автор кој има оставено неизбришлива трага во европската кинематографија. Секој филм во рамки на ревијата ви носи дополнителни 6 поени во Европскиот филмски предизвик. За тоа како да учествувате, повеќе на овој линк - соопштија од Кинотека.