Строги законски измени: Казни за фалсификувачите и препродавачите на билети за Суперкупот

Собранието на Република Македонија   едногласно ги донесе предложените измени и дополнувања на Кривичниот законик со кој се предвидуваат воведување санкции за фалсификување и нелегално продавање билети за Супер купот на 8 август годинава во Скопје.

Законот беше предложен по скратена постапка од страна на четири пратенички групи.

Како што образложи еден од потписниците на предлогот Томислав Тунтев, измените и дополнувањата се заради усогласување со правилата за успешна организација на овој настан, а за да се спречи фалсификување и нелегална продажба на билетите, а поради тоа што досега не било законски утврдено.  .

Овие измени  се прават е на барање на УЕФА, заради  и усогласимеување на  нашите закони со земји како Англија, Германија, Франција.