Стрит баскет турнир во Автокоманда по петти пат оваа година

Во духот на спортот, а со цел поддршка и мотивација на младите талентирани стрит баскет кошаркари и оваа година јубилејно по петти пат ќе се организира турнирот во кошарка, насловен "Street Basket AK"-Sinalco Arena.

Во тек се активностите за одржување на овогодинешниот "Street Basket AK"- Sinalco Arena, кој ќе се одржи на 08 и 09 јуни на игралиштето во населба Автокоманда.

Право на учество ќе имаат сите заинтересирани лица на возраст од 16 до 33 години, кои ќе пријават екипа за учество во турнирот. Екипите треба да бидат составени од 4 играчи, односно 3+1. 

Како мотивација за најдобрите учесници ќе се обезбедат парични награди за прво, второ и трето место. За сите учесници и фанови од следуваат голем број изненадувања.

Сите заинтересирани учесници може да се пријават на контакт бројот 079 286 608, пријавувањето ќе трае најкасно до 01.06.2019 година.