Стрес, несоници и често будење во ноќта? Недостатокот на еден минерал е одговорен за тоа

Докторите често истакнуваат дека во последните 10 години, овој минерал го внесуваме се помалку.

Станува збор за магнезиумот. Тој е лесно разградлив и многу значаен за нашиот организам. Додека порано еден единствен оброк ги содржел потребните количини, денес го има многу малку во храната која ја конзумираме. Причина за тоа е неправилната исхрана, поради која дневно внесуваме околу 175 мг. магнезиум, а потребите на нашиот организам се движат од 300-350 мг. Дополнителна причина за неговиот дефицит во нашето тело е и стресот и интензивниот начин на живот.

Белиот леб кој го конзумираме секојдневно има недостаток од магнезиум, па ако на тоа се додаде и фосфорната киселина – еден од состојките на газираните напитоци кои често ги конзумираме, а дополнително и пушењето и алкохолоѕ – како да нема простор за магнезиумот во нашето тело.

Симптомите на недостаток на магнезиум се:

 - склоност кон чести депресии

 - раздразливост, вознемиреност, промени во расположението

 - будење во ткеот на ноќта и грчеви во листовите

 -чувство на суво грло

 - низок крвен притисок со појачан пулс

- ниска толеранција на вирусни и бактериски инфекции

Треба да знаете дека нивото на магнезиумот особено паѓа во периодот меѓу октомври и април, односно во текот на зимските денови. Оние кои го земаат како суплемент, вообичаено добро го поднесуваат, а кога се зема во комбинација со витаминот Б6, одлично се апсорбира и останува во организмот. Ваквата комбинација помага да се подобри стресот, да се спие подобро, а кај жените исто така ги намалува непријатностите кои настануваат во текот на менструалните денови и менопаузата. Истовремено, тоа помага да се подобри работата на нервниот и срцевиот систем.