Стрелец – Хороскопски знак кој ќе ве заведе

Слободниот и оптимистички Стрелец е под покровителство на Јупитер, планетата на додворувањето, филозофијата и високото образование. Јупитер го дарува Стрелецот со сопствена и уникатна филозофија на животот. Стрелецот е талентиран, весел и желен за  живот.

Тој е еден од најголемите оптимисти меѓу сите знаци на Зодијакот. Авантурист и секогаш подготвен да си го спакува куферот, Стрелецот и последниот денар ќе си го даде за да го оствари патувањето на својот живот.

Овој знак гледа шанса  во секоја ситуација. Мисли дека се е можно и таквата сигурност му помага да ги реализира и најсмелите цели и проекти. Меѓу  стрелците има многу претприемачи. Голем дел од нив имаат тајна желба – да го променат светот. Во љубовта Стрелецот има една единствена потреба – да биде слободен. Секој обид да го задржите само  за себе ќе  биде целосно фијаско. И покрај тоа што Стрелецот во врската бара слобода ,  кога е вистински заљубен ,  тој ѝ се предава на саканата личност  со целосна енергија и топлина.

Стрелецот е среќен кога е во постојано движење. Многумина од нив,  желбата  да ги истражуваат новите култури и филозофски идеи  ја претвораат во своја  професија. Иако, Стрелецот се развива интелектуално и духовно, му недостасува тактика.

Маж - Стрелец

Вашиот сопруг Стрелец ќе ве направи среќна и насмеана.  Тој е природен закачко , сака да се шегува, да драматизира, а флертувањето е во неговата крв. Разигран е  и весел. Ако сака да се запознае со други, тој го прави тоа лесно и дружељубиво. Неговиот поглед ќе ви остане секогаш во длабочините  на душата.

Но, Стрелецот не е Шкорпион, и тој не се задржува долго време на потешка тема. Со него мора да бидете подготвени за промени. Тој бара разновидни и нови  впечатоци.  Го  привлекуваат отворени луѓе , кои  исто како него се насочени кон повисоки цели. Тој сака искрени разговори, луѓе со широки погледи. Со него можете да зборувате на многу теми  со филозофска содржина.  Стрелецот е олицетворение на  физичката активност, се обидува да ја тестира својата издржливост, дури и во екстремни ситуации. Сосема  е можно,  романтичните врски за него да бидат само уште еден вид игра. Не треба да се чудите ако уште  на првиот состанок бара интимен контакт, тоа е сосема нормално за Стрелецот.  Но , не се залажувајте дека тој има некој подлабок интерес за вас , напротив, тој штом ќе си го добие своето може да се сврти и да си замине.  Ова е добро да го  знаете, пред да почнете да  ги исполнувате сите негови желби.

Стрелецот сака да го живее животот со полни гради!  Се е за него уште едно  животно искуство. Предност е тоа што  тој не го сокрива тоа и нема да ве залажува дека има сериозни намери. Затоа,  ако сакате да  имате  долготраен однос со маж Стрелец , треба да бидете особено  внимателна. Ако сте љубоморен тип, оваа карактеристика на Стрелецот многу ќе ве измачува.  Неговата страст за шегување може да изгледа шармантно, но на долгорочен план шармот ќе исчезне. Неговиот стремеж за нови авантури не престанува, така што за партнеркатра  е тешко да го држи чекорот со него.  Тој постојано си бара сопатник за неговите патешествија, може тоа  да бидете вие, но може да биде и  било која друга. Главната работа што треба да ја запомните, како  жена,  е постојано да го држите заинтересиран за врската.

Стрелецот не сака да ги продлабочува односите. Тој, пред се,  е заинтересиран за околниот свет, за патувања и широки хоризонти.  Слично на својот симбол , тој е подготвен  веднаш да лета до ѕвездите.

Стрелците мажи сакаат да се смеат и имаат силно  чувство за хумор.  Не сакаат негативен пристап,  тоа веднаш ќе ги оддели од вас.  Ако некој со него  почнува да зборува негативно или да му ја покаже негативната страна на животот,Стрелецот  ќе исчезне без да се врати. За него, физичката активност е важна, но уште поважен  е оптимистичкиот поглед кон светот, потрагата по новото и жестокото. Ако немате такви интереси, бескорисно е да бидете заинтересирани за Стрелецот. Но, ако ги споделувате  сите горенаведени вредности, имате одлична шанса да создадете прекрасна врска.

Жена Стрелец

Таа е со  чисти очи и јасна насмевка. Пријателски настроена кон сите, мила е , свети како светлото на хоризонтот. Таа постојано бара нови можности и нови пријатели. Се стреми кон сè што може да ја научи на нешто ново. Често се спојува со групи кои имаат сличен  интереси или хоби,а  притоа останува своја и незасегната. Ја импресионираат луѓе со широка култура , но и оние со изразено чувство за хумор. Ако сакате да ја заведете, раскажете и нешто интересно за себе или за некоја друга тема, развеселете ја и таа ќе биде ваша.  Таа го почитува мислењето на другите дури и да не согласува со него, толерантна е,  и отворена.

Постојат  два типа на жени Стрелец: првиот е спортски тип, а вториот – интелектуален. И двата типа  секогаш се  подготвени да го истражуваат светот , секоја на  свој начин. Ова може да биде научно истражување, а може да биде и  банџи- скокање.

Жената Стрелец има многу енергија, таа се стреми кон нови знаења и експерименти.
За да бидеш со таква жена, мора да бидеш подготвен да ѝсе приклучиш во нејзините авантури, само така може да се роди љубовта. Таа има многу пријатели, така што не смеете да покажувате љубомора ако сакате да ја задржите . Таа мора да биде слободна, тоа е нејзината природа. Жената Стрелец е полна со живот и оптимизам, кој е заразен. Морате да бидете подготвени да ја поддржите и во тешки ситуации. Но, огромниот оптимизам  некогаш може да има и периоди  на големи падови во расположението, а во тие моменти на жената од овој огнен знак ѝ се најпотребни пријателите и семејството.
Жената Стрелец е една од  најголемите заводнички  во зодијакот. Благодарение на својата огнена енергија, таа со леснотија може да запали љубовен оган  кај мажите.  Некои од нив  се со исклучително либерални погледи, емотивни и  сочувствителни што особено го привлекува посилниот пол.  Жената од овој огнен знак,  има отворена  душа и отворено  срце, поседува силна  физичка енергија, што  е погодно за воспоставување нови врски.

Ивелина Рускова, астролог