Страшна сообраќајка: Загинаа момче и девојка на возраст од 22 и 21 година

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во атарот на селото Ботун, во општина Дебарца, пришто животот го загубија момче и девојка на возраст од 22 и 21 година.

Според информациите од МВР, двајцата со „ауди“ излетале од патот.

„По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид“, соопшти полицијата.

Извршен е увид, а телата предадени на обдукција.