СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВЕЧЕРВА НА „ГОЛОГАНОВ“: Автомобил „БМВ“ прегази млад велосипедист

Страшна сообраќајна несреќа во која настрада млад велосипедист се случи вечерва на булеварот Митропoлит Теодосиј Гологанов во близина на поранешната фабрика „Алумина“.

Според првичните информации велосипедистот поминувал на велосипедска патека кога во него удрил возач со моторно возило „БМВ“. 

Очевидци на терен за Скопје Инфо сведочат за страшна сообраќајна незгода и додаваат дека од силниот удар патиките на велосипедистот биле на десетина метри од велосипедот, кој во лоша состојба сведочи за силината на ударот. 

Повредениот велосипедист со возило на Итната медицинска помош е пренесен на Ургентен центар, а полицијата во моментов врши увид на местото на настанот.

Велосидистите се во категоријата на ранливи учесници во сообраќајот и според статистиките тие често се жртви во сообраќајните незгоди.