Страотна сообраќајка на магистралниот пат Скопје-Блаце, едно лице загина

Едно лице од Косово загина во сообраќајна несреќа што се случила рано изутринава на магистралниот пат Скопје – Граничен премин Блаце.

Како што соопшти полицијата, изутринава околу околу 5:45 часот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце во близина на бензинска пумпа се случила сообраќајна незгода помеѓу камион и автомобил „Фолксваген-Пасат“ во која загинал А.А. (41) од Косово. Двете возила биле со косовски национални ознаки.

Екипа од СВР-Скопје извршила увид и се работи на целосно расчистување на случајот.